Пред пандемијата имавме должничко-доверителска криза, која економистите велат дека имала пострашни ефекти од пандемијата. Погледнете го тој период и овој сега, колкав е растот на БДП. Заборавивме на ветувањето на Зоран Заев дека растот ќе биде 5 проценти годишно, а сега е нула. Ќе биде и негативен растот, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за весникот „Фокус“.

Понатаму Мицкоски во текот на своето интервју зборуваше и за тоа колку овој лош резултат во економијата е резултат на нестручност, незнаење, корумпираност или на објективни околности.

Ако ние сме последни во регионот со 1,9 проценти од БДП по бројот на директни инвестиции и од нас повеќе имаат Косово, Албанија, Црна Гора, Србија со 6, 7 (Црна Гора и 10), а први сме по корупција и криминал, имаме најголем пад на БДП во регионот, што да се каже, додаде Мицкоски.