Иако во јавноста Заев сака да покаже дека нема никаков проблем во односот со досегашната прва соработничка и заменичка Радмила Шекеринска во суштина не е така.

Заев ја испрати со зборовите „мојата другарка“ и ова не е збогум туку довидување“, но познавачите на состојбите во СДСМ брифираат дека тоа воопшто не е така.

Меѓу нив постојат големи разлики во начинот на кој треба да се движи партијата и во обидот Заев елегантно да ја тргне Шекеринска од партијата и да ја прати амбасадор во САД. Тоа популарната Рада го осуети и самата се повлече од раководните позиции во СДСМ.

Шекеринска вчера јавно честитка за изборот на новото раководство, таа на конгресот изрази и критики за досегашните делувања на партијата.

 

„Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка. А тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да и помогне, само ќе и’ одмогне на партијата“, рече Шекеринска