Согласно новите измени и дополнувања забраната за движење на населението на територија на Македонија, наместо како до сега, ќе започнува во 24:00 часот и ќе трае до 4:00 часот наутро, почнувајќи од 13 мај 2021 година со важност до 18 мај.
Угостителските објекти од утре ќе може да работат до 23:30 часот.
Исклучок од забраната вечерва е поради празникот Рамазан Бајрам, нешто што беше најавено претходно.
Намалување на рестриктивните мерки доаѓа после трендот на намалување на бројките на новозаразени и на хоспитализирани по болниците низ земјава.
Comments are closed for this post.