Министерот за здравство на репубика Македонија, Венко Филипче денеска ги соопшти најновите одлуки на комисијата за заразни болести кои се предложени и прифатени од страна на главниот координативен кризен штаб.
Истите конечно дозволуваат промнена на ставот на овие институции по прашањето на приуство на публика на спортските натпревари организирани на државно ниво. Што значи дека официјално, публиката се враќа на спортските терени ширум Македонија.
Оваа мерка е дел од оние кои доаѓаат како олабавување на претходните кои беа поригорозни и кои беа донесени во сооднос со ситуацијата по повод пандемијата. Во моментов бројките кажуваат дека публиката може конечно да се врати на трибините, секако со понатамошно строго почитување на препораките.
Comments are closed for this post.