Демократскиот сојуз предлага на сите здравствени работници додека трае пандемијата да им се пресметува бенефициран стаж, односно за 12 месеци ефективна работа да им се пресметуваат 16 месеци, со зголемен процент да им се пресметува пензиската основа, а да се разгледаат и други погодности, како повеќе денови за годишен одмор и сл.
Од партијата исто така предлагаат Собранието да донесе резолуција за трајно одбележување и признание на здравствените работници за несебичното ангажирање и пожртвуваност за време на пандемијата и придонесот што го имаат во заштитата на инфицираните од коронавирусот и заболените од ковид-19.
Демократскиот сојуз иницира расправа за овие предлози и очекува Владата и Собранието да ги преточат во соодветни законски решенија.
Истовремено, апелираат најавеното зголемување на платите за здравствените работници да се реализира што е можно побрзо и додаваат дека „соодветен респект заслужуваат и вработени во други области, како што се припадниците на полицијата и трговските работници во малопродажбата.
Comments are closed for this post.