Бизнисменот, кој побарал анонимност, тврдел дека бил принуден од луѓе блиски до Борисов да не купува земјоделско земјиште, да ги продава своите производи по намалени цени, а претставниците на државните агенции го присилиле да плати рекет
Пратеници на ГЕРБ упаднаа и го саботираа сослушувањето на земјоделски производител, кој сведочеше пред комисија на парламентот во Бугарија за злоупотреби на Владата и за шеми според кои луѓе околу премиерот во заминување Бојко Борисов ги прераспределиле пазарите, преку институциите ги диктирале цените и го користеле обвинителството за да се закануваат, јавува бугарската агенција Новините
Бизнисменот, кој побарал анонимност, се претставил како голем земјопоседник во северозападна Бугарија и тврдел дека бил принуден од луѓе блиски до Борисов да не купува земјоделско земјиште, да ги продава своите производи по намалени цени, а претставниците на државните агенции го присилиле да плати рекет ако сака да добие вода за неговите насади.
Медиумите во анонимниот сведок го препознаа земјоделскиот бизнисмен Светослав Илчовски, кој на почетокот на оваа година објави дека го сели својот бизнис во САД.
Пред извесно време тој беше клучен сведок во судскиот процес против поранешниот пратеник на ГЕРБ, Димитар Аврамов.
Според сведокот, секој сектор во Бугарија е регулиран и контролиран од бизнисмени блиски до владата, а „министрите се марионети“.
Бизнисменот им објаснил на пратениците дека од 2014 година бил принуден да им продава жито на „компаниите на Ангелов“ по намалени цени за да нема проблеми, бидејќи притисокот се зголемувал, што продолжува до средината на 2020 година.
Тој ја обвини министерката за регионален развој Петја Аврамова дека го убедувала да не купува земјоделско земјиште и му се заканувала со „нашиот обвинител“.
Откако тој не се придржувал до тоа, против него, како што се наведува, била покрената истрага за закана со убиство на лице во регионот на Стара Загора, но тоа не се случило.
Comments are closed for this post.