Павлина Црвенковска, новата претседателка на Судски совет со образ ѓон исто како Заев. Фатена е во иста шема како Заеви, преку фирмата на нејзиниот сопруг земале кредит од Еуростандард банка од 1.6 милиони евра со покриетие за 400.000 евра, објавија оштетените штедачи. Кредитот како што информираат не е вратен, а банката е пропадната. Црвенковска освен СДСМ со Заев ги сврзува пропаѓањето на Еуростандард банка. Фирмата на нејзиниот сопруг исто земала кредит како и фирмите на Заеви и ним блиски фирми, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Како фирмата на сопругот на Црвенковска го земала кредитот и има ли поврзаност со начинот на кој фирмите блиски до Заеви земале? Јавноста бара оставка од Црвенковска, а оштетените штедачи бараат фирмата на нејзиниот сопруг да ги врати парите. Стотина фирми кои земале кредити без покритие и не ги вратиле ја пропаднаа банката, меѓу нив покрај фирми поврзани со Заеви е и фирмата на сопругот на Црвенковска, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев и Црвенковска ги поврзува и партијата. Црвенковска била шеф на кабинет на Бучковски и висок државен функционер во време на СДСМ. Црвенковска е партиски обоена, таа не може да одлучува за судии, посочуваат.
Судскиот совет е надлежен да ги избира и разрешува судиите и судиите поротници, како и да ги разрешува претседателите на судовите, да утврдува престанок на судиската функција, да ја следи и оценува работата на судиите и да одлучува за нивна дисциплинска одговорност. Советот исто така утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција, но и одлучува за одземање на имунитет на судија, како и по барање за одобрување на притвор на судија. Советот предлага и двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите, а ја оценува и работата на Врховниот суд. Советот е тој кој е на врвот на власта во судството. И сета оваа моќ и е дадена на Црвенковска. Дали можете да замислите како би изгледало судството? Црвенковска е се само независна не. Оставка веднаш, додаваат од партијата.
Comments are closed for this post.