Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска започпна со постепена проверка на кинеската вакцина против Ковид-19 Синовак, соопшти европскиот фармацевтски регулатор.
Одлуката да се започне со проверката се базира на претходни лабораториски резултати (неклинички податоци) и на клинички истражувања. Тие истражувања покажуваат дека вакцината предизвикува формирање на антитела против вирусот SARS-CoV-2, што го предизвикува Ковид-19 и може да помогне за заштита против болеста, се вели во соопштението.
Истовремено се посочува дека ЕМА ќе проучи дали вакцината соодветствува со општоприфатените стандарди на ЕУ во однос на ефикасноста, безопасноста и квалитетот на препаратот. Во соопштението се подвлекува дека европскиот фармацевтски регулатор ќе ги оцени податоците кога тие ќе бидат целосно достапни, за да се одлучи дали користа од употребата на вакцината ги надминуваат потенцијалните ризици.
Постепеното истражување ќе продолжи додека бидат достапни доволно податоци за издавање на дозвола за пуштање на пазарот, соопштува ЕМА, додавајќи дека се уште не е можно да се утврди временската рамка за целата постапка. Меѓутоа, регулаторот појаснува дека се очекува целата процедура за оценка на вакцината да трае пократко од вообичаеното време.
Comments are closed for this post.