Мицкоски: Македонија е единствена земја со толку „терористи“ по затворите и огромен број на драконски казни

27.04.2021 / 14:55


Во денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Петровец, во врска со случајот од 27-ми април и настаните во Собранието порача дека Македонија е единствена земја со толку „терористи“ по затворите и огромен број на драконски казни, тој вели дека побарувањата се во насока на безусловна правда за секој еден граѓанин, ништо повеќе од тоа, како и дека по празниците ќе може да се зборува за делувањата на партијата и за нови протести.

-Изјави од аболирани криминалци и луѓе којшто честопати поминувале во судските лавиринти поради основано сомневање за сторен криминал каде што беше еден случај кога на еден граѓанин во општината каде што беше градоначалник бараше мито по принципот евро за евро, мислам дека во последно време се помалку се коментираат и немаат буквално никакво значење во Македонија, она што јас како човек го подржувам, а тоа е безусловна борба за правда и безусловна борба против неправдата за која што овие 4 години е присутна во Македонија, вели Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја подржува борбата за правда, не поддржува насилства, но во Македонија постои судска пракса да дел од случаевите во кое има основано сомневање дека биле политички инструирани, започнуваат во повторно судење и од почеток за да се аргументираат позициите на двете страни од едната страна на обвинителството од другата страна на лицата којшто се обвинети тоа е она за коешто залага партијата.

-Ако го набљудувате случајот за овие што се обвинети за тероризам и можеби Македонија е единствената земја во светот со толку „терористи“ во затвор ќе видите дека судијата којшто ги изрече овие драконски казни е судија којшто како да полагаше устен испит пред да стане уставен судија, а нормално од другата страна инспираторот и нарачателот доколку биде задоволен таа ќе биде промовирана во уставен судија што и се случи очигледно дека тој беше задоволен, а таа стана уставен судија, она коешто ние го бараме е само правда ништо повеќе и безусловна борба против криминалот, корупцијата и неправдата, тоа го заслужува секој еден граѓанин во Македонија. Не треба да има привилегирани групи на граѓани, не треба да има граѓани којшто ќе бидат блиски до ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алтернатива,Алијанса или останатите политички партии. Едноставно во оваа држава има чесни и честити граѓани којшто го почитуваат уставот и законите и оние којшто се криминогени луѓе, тие што се криминогени луѓе треба да одговараат ние за тоа се бориме, порача Мицкоски од Петровец.

Во врска со најавите за нови протести Мицкоски истакна дека по празниците ќе може да се зборува за идните делувања на партијата.

-Сега треба да има мир и спокој во домовите на сите граѓани којшто се дел од православната христијанска вероисповед и муслиманската вероисповед се разбира, да не зборуваме за насилства, туку да зборуваме за помирување и за подобра заедничка иднина, а чекорите после овие два големи верски празници, опозицијата ќе ги презентира пред македонските граѓани, инаку протестот е еден од алатките којшто ги има опозицијата на располагање, против овие погрешни криминогени политики на оваа анационална власт во Македонија, рече Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Жена ти, сестра ти, устата смрдена да ти ја… – недолично и насилно однесување на пратеникот Димитар Апасиев

пред 10 часа
Македонија

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

пред 10 часа
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Со СДСМ дишевме алпски „ајро“

пред 1 ден
Македонија

Ахмети го напаѓа, Таравари го брани Курти

пред 3 дена
Македонија

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

пред 3 дена
Македонија

Каде исчезна бесплатниот превоз на Данела?

пред 3 дена
Македонија

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

пред 3 дена
Македонија

Прес конференција на Курти и Мицкоски: Време е за решавање на економските прашања

пред 3 дена
Македонија

Возењето со такси во Скопје ќе стане луксуз

пред 7 дена
Македонија

Перински: Вечерва во Аеродром граѓаните учествуваа во креирање на општинскиот буџет за наредната година

пред 1 нед.