Српските медиуми пишуваат дека миленикот на скопската публика Веселин Вујовиќ од следната сезона ќе биде тренер на Вардар.
За „мондо.рс“ оваа информација ја потврди Нешо Зовак, член на надзорниот одбор на Извиѓач. Тој тврди дека Вујовиќ 99% ќе се врати во Вардар, а со себе ќе понесе и нови засилување, левиот бек, Милан Кос.
„Ние имаме договор со Кос и сакаме да го задржиме. Сепак, ако добиеме некоја добра понуда можно е да разговараме за трансфер. Можам да кажам дека Вујовиќ не контактираше за Кос. Се зборува дека тој ќе биде нов тренер на Вардар, дека се е 99% договорено,“, изјави Зовак за српскиот портал „Мондо“.
Comments are closed for this post.