Љубителите на фудбалот добро се сеќаваат на мечот Србија-Швајцарија од Светското првенство. Швајцарија победи со 2-1 но сенка на мечот фрли судијата Феликс Брих кој не досуди пенал над Митровиќ.
Наместо пенал судеше фаул во напад и веднаш почнаа теориите на заговор дека добил пари на сметка во Германија, дека ги мрази Србите и слично.
По три години излезе транскрипт од разговорот меѓу ВАР собата и Брих. Двајцата ВАР судии Феликс Цвајер и Бастијан Данкерт се плашеле од реакцијата на Брих и не му предложиле да дојде и да ја погледне снимката.
Еве го разговорот меѓу ВАР судиите.
Цвајер: Пазам на топката
Данкерт: Двајца се пред Митровиќ, што прави Брих?
Цвајер: Што свиреше? Погледни убаво (мислејќи на снимката) од друг агол, горе десно.
Што е ова. Ако тој прави вака што треба јас да правам (мислејќи на судијата)
Данкерт: Двајцата се држат, во ред не интервенираме.
Данкерт: Што правиш Феликс?
Цвајер: Не можеме ништо да направиме ќе полуди!
Comments are closed for this post.