Корисниците кои ги склучуваат договорите за поддржаните проекти на Годишните конкурси за 2021 година на Министерството за култура, ќе имаат обврска да отворат посебна наменска сметка преку која ќе се реализираат сите трансакции поврзани со поддржаниот проект, соопшти денеска Министерството за култура
– Наменската сметка овозможува прецизно и законито следење на користењето на буџетските средства и е во насока на отчетно работење на корисниците при реализација на проектите. Отворањето на наменската смека е задолжитено само за правните лица, а не и за физичките лица, кои се корисници на буџетските средства, истакнаа од Министерството.
Од Министерството за култура додадоа дека се должни континуирано да ја следи финансиската реализација на секој проект поддржан на Годишните конкурси и да вршат контрола над законитото, наменското и економичното користење на средствата.
Министерството за култура изразува уверување дека дефинирањето на попрецизни обврски во делот на следењето на финансиските трансакации во голем дел ќе придонесе за поефикасна реализација на проектите поддржани во Годишната програма.
Comments are closed for this post.