Eден од најтајните и најмоќните италијански мафијашки ланци на организиран криминал, има  необично име – Ндрангета.  Ндрангета е мафијашка криминална организација од југот на Италија, која се шири на северот на земјата и ширум светот уште од 50-тите години на минатиот век, а на почетокот на 21-от век стана најмоќната организација од тој тип.

Оваа мафија стана интересна откако ВМРО-ДПМНЕ откри дека Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.

Која е „Ндрангета“

Оваа мафија долго време беше  во сенката на Коза Ностра.Основана е во  Калабрија, најсиромашниот дел на Италија. Името означува  тајни хиерархиски организирани разбојнички здруженија кои ги поврзувало начелото на омерта – завет на молк на нивните членови,.Главен „бизинс“ им е изнудување пари и шверц на цигари.

 

Членовите на „Ндрангета„ имаат основано врховно тело надлежно за решавање на взаемните судири познато под името „Ла Провинча“. Ова тело претставува еден вид мафијашки управен одбор во кој седат најмоќните членови на Ндрангета, кои освен решавањето на внатрешните судири, решаваат и за најважните прашања во однос на организацијата.

Разработиле силни врски во Германија, Белгија, Фанција, преку Канада и Австралија, сѐ до Јужноафриканската Република и членови дејстуваат и оттаму.