Премиерот Зоран Заев изјави дека Владата во ниту еден момент нема економски калкулации заради здравствените аспекти, а неговите и активностите на Владата во услови на пандемија се обид да се презентираат позитивни вести, што како што изјави, според психолозите, се потребни за справување со психолошката депресија кај наслението која е последица на пандемијата од Ковид-19.
Како претседател на Владата во поглед на пандемијата читам дека има во државата сериозна психолошка колективна депресија, таа се одразува и на психолошко индивидуално ниво. Извештаите на психолозите сугерираат да има позитивни настани, позитивни ивенти, да се случуваат убави работи, затоа што очигледно, како што кажуваат здравствените експерти, ова ќе трае и летото, и есента и веројатно до крајот на годината и впрочем никој не може точно да каже. Животот треба и мора да продолжи. Изборите на градоначалници ќе се случат за осум месеци, тоа што го правиме го правевме и пред три месеци, и пред седум, девет месеци и не било за локалните избори. Исклучиво сакаме да прошириме позитивна вест. Велешани чекаат 30 години на затворен пазар, ги врне секој дожд, ги пече секое сонце во лето. Се радуваат и бевме таму да го пуштиме. Истото беше и со другите капитални проекти од областа на детската заштита, градинките, училиштата и другите проекти. Затоа единствена цел беше да испраќаме позитивни пораки и среќна вест за граѓаните, дека се продолжува да се гради дека градежниот сектор добива агажман, граѓаните добиваат плата и сепак, животот во тешка пандемија продолжува да функционира и мора да продолжува да функционира – одговори Заев на новинарско прашање кој ќе понесе одговорност за големата бројка на заразени.
Заев вели дека психолошкиот момент во текот на борбата за здравјето и оздравувањето на секој наш граѓанин и пациент меѓу другото е важна работа во неговото оздравување, а психогијата која сите ја живееме со своите семејства, роднини, пријатели влијае на нашите животи. Заев додаде дека согласно тоа што го кажуваат советниците и анализите и извештаите треба да дадат придонес и тој и Владата која му служи на народот со позитивни аспекти, како и со други мерки во областите каде се потребни.
Заев истакна дека не гледа причина за одговорност ниту кај него ниту кај здравствените власти, оти анализите се темелеле на неделно и двонеделно ниво и секогаш се носеле мерки соодтвени на состојбата согласно анализите.
Владата во ниту еден момент нема економски калкулации заради здравствените аспекти. Здравјето е пред се и над се. Државата е стабилна финансиски ликвидна и нема предрасуди се што треба да направиме за да го осигураме здравјето на граѓаните, но да носите предвреме мерки и правите штетат на економијата нема потреба. Се носат мерки тогаш кога треба. Дали треба јас да понесам одговорност, граѓаните кои ме поканија, институциите, не мислам дека треба да понесам одговорност и нема да понесам одговорност и нема да побарам одговорност. Затоа што ние веруваме дека треба да има позитивни вести треба да охрабриме, да направиме поголем оптимизам затоа што веруваме дека и тоа влијае на севкупната состојба и апсолутнио не чувствуваме дека треба да понесеме одговорност. Ако има една причина каде сме згрешиле, освен чувствата дека некој треба да направи харикири во поглед на мачнотијата на сите во душата, за тоа што се случува кај нас и секаде во светот. Нема предрасуди никој ниту пак резерви. Овде сме да им служиме на граѓаните и ова е чест и одговорност посебно во вакви тешки околности. Верувам дека сите ќе бидеме пред се фокусирани да бидеме од помош – вели Заев.
Comments are closed for this post.