Англиската легенда Гери Линекер не дочека за да се јави после епската и историска победа на Македонија во Дуизбург против Германија со 2-1, триумф кој силно одекна во светскиот фудбал, откако Германците загубија првпат по 20 години еден мундијалски квалификациски меч.

Линекер во свој стил го прокоментира кратко мечот на социјалните мрежи.

„Боже мој, Македонија ја победи Германија“, напиша Линекер.

Тој е автор на една од најгпознатите реченици дека „фудбалот е игра во која на крајот секогаш победува Германија“