Премиерот Зоран Заев утрово имаше средба во Собранието со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Според изјавата на Заев, средбата била конструктивна, но без било какви постигнати заклучоци. Практично, се договориле дека повторно ќе треба да се договорат откако претходно ќе извршат увид за колку лица станува збор кои немаат државјанство.
Верувам дека во следните неколку дена интензивно ќе работата службите, за да ги разгледа сите предлози од двете опозициски партии, но очекувам да ги согледаат и сите аргументации дадени од министрите. Така сите ќе потврдиме дека сме за трајно решавање за оние наши граѓани кои немаат државјанство да го добијат, а притоа тоа да биде согласно европските конвенции за државјанство, меѓународната регулатива за државјанство..“, рече Заев.
Координаторот на коалицијата АА-А, Скендер Реџепи по средбата со владините претставници и координаторот на пратеничката група на СДСМ, изрази увереност дека се на добар пат за изнаоѓање на трајно законско решение за законот за државјанство со што ќе се овозможи создавање законска рамка преку која граѓаните без државјанство ќе може да го добијат истото
Comments are closed for this post.