Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска на скопскиот аеродром го пречекаа Драги Рашковски кои се врати од одморот во Мексико.
Поранешниот генерален секретар на Владата замина на одмор во егзотичната прекуокеанска дестинација без разјаснети дилеми околу спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, а јавноста му замери и за тоа што патува на примамливо место за време на пандемија.
Во последната изјава Рашковски рече дека нема да го прекине одморот, односно дека во Мексико останува до 31 март, а правните дилеми околу набавката ги остава на институциите.
Премиерот Заев рече дека лично се уверил дека во набавката нема ништо спорно, но апелираше надлежните институции да го проверат случајот. Претходно најави дека Владата со документи ќе докаже дека софтверот не е купен попусто и дека е наменет за МВР.
Вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски вчера рече дека Владата нема да избрзува со барање на политичко-морална одговорност, туку дека ќе чека епилог од Обвинителството и од антикорупциската комисија.
Comments are closed for this post.