Ставање на пријавените попишувачи на приоритетната листа за вакцинирање против Ковид-19 најави минатата недела премиерот Зоран Заев како чекор за исполнување на барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за постигнување консензус околу спроведувањето на пописот, што официјално треба да започне на 1 април.
Но, премиерот Заев покажа елементарно не познавање на работите, зашто имунизацијата на попишувачите со вакцината АстраЗенека ќе биде целосно спроведена по нивната ревакцинација со задолжителната втора доза. А, таа треба да се прими 12 недели по примањето на првата.
Настрана ова, по вчерашното соопштение на Министерството за здравство излегува дека Заев не знаел уште една битна работа.
Сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“, како и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да бидат исклучително внимателни и да продолжат да ги почитуваат мерки, бидејќи е потребно време за да се создаде имунититет, велат од Министерството за здравство.
-По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена, објаснија вчера од Министерството за здравство.
Од содржината на соопштението излегува дека министерот за здравство, Венко Филипче, не само што не го дели мислењето со неговиот премиер и партиски шеф, туку и дека Заев не знаел оти имунитетот од вакцината АстраЗенека се стекнува по првите три недели од примањето на првата доза.
Ако премиерот Заев и натаму насилнички инсистира на спроведувањето на пописот под превезот на експресно вакцинирање на попишувачите, тоа во пракса ќе значи дека тие ќе влегуваат по домовите неимунизирани!!! Зашто, дури и да се вакцинираат со првата доза уште в среда, на првиот ден од најавената вакцинација со пристигнатите 24.000 вакцини АстраЗенека, тие во наредните три недели, односно токму во времето кога би се спроведувал пописот, нема да имаат стекнато имунитет. Што секако ќе претставува опасност и за нивното, но и за здравјето на граѓаните, кои ќе треба да ги попишуваат.
Иако не е најавено, сепак јавноста очекува пописот да биде една од темите за која денеска ќе разговараат Заев и Мицкоски.
Comments are closed for this post.