Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаа директна средба в понеделник.
Средбата ќе се одржи во Клубот на пратеници со почеток од 13 часот.
Договорот за средбата го потврди и Заев на неговиот Фејсбук профил
Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред – напиша Заев.
Comments are closed for this post.