Францускиот фудбалер Антоан Гризман сака да остане во Барселона, пренесува „Радио Каталуња“. На 30-годишниот напаѓач му остануваат уште три години договор.
Сепак, каталонскиот клуб го смета Гризман за еден од играчите кои можат да го напуштат тимот.
Гризман оваа сезона забележа 40 настапи на сите турнири, постигнувајќи 14 гола и 11 асистенции.
По 28 одиграни кола од шпанската Ла Лига, Барселона со 62 бода се наоѓа на 2. место во поредокот. Заостанува зад водечкиот Атлетико четири бода
Comments are closed for this post.