Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не планира да ја предводи репрезентацијата на Франција во скоро време.

Според „Телефут“ сегашниот селектор на репрезентацијата Дидие Дешан има намера да ја напушти репрезентацијата по завршувањето на Европското првенство претстојното лето.  Беше објавено дека Зидан е главниот кандидат за оваа функција.

Сепак, францускиот фудбалски стручњак не планира да го смени местото на работа. Дури по завршувањето на договорот со Реал Мадрид, а тоа е на крајот на сезоната 2022 ќе разгледа други опции.