Сопругата и синот, како и неколку стотици навивачи и граѓани на Лестер пред стадионот „Кинг Пауер“ положија цвеќе за загинатите по пад на хеликоптерот.
Сопственикот на Лестер Вишај Шриваданапраба и уште четири лица загинаа во несреќа која се случи напосредно по натпреварот на Лестер против Вест Хем во саботата вечер.
Тајландскиот милјардер беше миленик на навивачите од неговото доаѓање во клубот во 2010, азасекогаш се запиша во историјата на „лисиците“ откако сензационално ја освоија титулата во Премиер лигата во 2016.
Сопругата Аимон и синот Аијват со навивачите положија цвеќе пред стадионот, а клубот истакна „најдлабоко сочувство“ за смртта на Шиваи Шриваданапраба.
Шриваданапраба имаше 60 години, и сам го стекнал богатството од 3,3 милијарди долари преку ланец на фри-шопови.
Comments are closed for this post.