иректорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека најголем проблем е што оние кои имаат позитивни тестови целосно или воопшто не ги посочуваат лицата со кои биле во контакт.

– Останува овој проблем, како најголем. Затоа апелирам граѓаните да бидат општествено одговорни и при акнетите да ги кажуваат контактите, бидејќи на тој начин со изолација на лицата ќе го спречиме ширењето на вирусот, а со тоа ќе се заштити и здравјето на пациентите, кои се во ризични групи, вели Димитрова.

Секојдневно на пунктот земаат брисеви од 40 до 50 пациенти, а истовремено се земаат брисеви и на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница. Завчера биле вкупно тестирани над 80 пациенти, а вчерашните резултати покажаа дека половина од нив се заразени со коронавирусот.

Кластерите се домашни, но од вчера коронавирусот влегол и во штипски претпријатија. Најголем дел од заразените се работоспособно население од 30 до 60 години, но има и пензионери. За само седум дена бројката на новозарасрени е зголемена за 100, па сега бројот на активни случаи е над 200.