Ако не се најде политичка волја да се донесе законот за финансиска помош на компаниите, за исплата на платите за февруари и март, компаниите би можело да се соочат со сериозни проблеми, коишто би довеле и до отпуштање на работниците, вели во своето вклучување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Аргументите ги темели на состојбите во европските земји.
Сите контакти кај нашите партнери во Германија и Европа, се дека вирусот таму се шири, дуќаните не се отвораат, робата воопшто не се продава. Магацините се полни…тоа во секој случај ќе значи затворање на голем број наши компании и ако тие немаат финансиска поддршка, логично е да ги отпуштат вработените“, вели Димитров.
Comments are closed for this post.