Тони Менкиноски, правниот застапник на Орце Камчев, вели дека бизнисменот добил 30-дневен притвор само врз основа на една белешка од Агенцијата за национална безбедност и за наводна дојава од Лиле Стефанова како обвинител од Радовиш

„Да се притвори на Прочка е садизам. Обвинител од Радовиш пред судот побара Камчев поради некаква индиција од страна на БНБ да му се даде притвор. А претходно 30 месеци не е подигнато обвинение за случајот „Империја“, рече адвокатот пред новинарите.

Тој рече дека и двата посоши на Камчев – македонскиот и бугарскиот, се во судот. Бизнисменот попладнево е притворен поради можно бегство пред судењето за случајот „Плацеви на Водно“.

„Даден е капитал како гаранција и пасошите. И да сака не може да ја напушти Македонија Двата пасоши се во овој суд. Камчев вработува 3.000 луѓе во Македонија. Денеска е во притвор само поради некоја дојава, а утре тоа може на секого да му го направат. Се надевам дека за многу брзо оваа мерка ќе биде санкционирана од Европскиот суд за човекови права“, додава Менкиноски.