Најмалку 3.000 медицински сестри починаа од Ковид-19 ширум светот, соопшти Меѓународниот совет на медицински сестри.
Според Советот, реалниот број смртни случаи е веројатно многу поголем од официјалната статистика.
Федерацијата со седиште во Женева има повеќе од 130 национални здруженија, кои застапуваат повеќе од 27 милиони медицински сестри во светот.
Според неа, влијанието на Ковид-19 и сегашниот недостиг на медицински сестри ја загрозуваат иднината на професијата.
„Веќе една година медицинските сестри се под огромен дополнителен притисок“, предупреди Меѓународниот совет на медицински сестри.
Федерацијата препорачува медицинските сестри да се вакцинираат против коронавирус.
Раководителката на Меѓународниот совет на медицински сестри, Анет Кенеди рече дека таа е „длабоко загрижена за состојбата на професијата и за психичките трауми што ги претрпеа медицинските сестри во текот на изминатата година“.
Comments are closed for this post.