За 18 март е закажано следното судско рочиште за предметот„Меѓународен сојуз“, а тогаш предвидено е да сведочат Јордан Камчев и Агапи Дика. Судијката Софче Ефремова информираше дека судот бил известен дека барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за иземање на обвинителката Вилма Русковска, е одбиено како неосновано.
Освен Бојан Јовановски, во овој случај обвинети се и неговиот тако Миле Јовановски, Фросина Ременски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Comments are closed for this post.