СДСМ продолжува да реализира мерки и политики кои помагаат на сите граѓани и компании погодени со кризата, ја зајакнуваат домашната економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст, велат од партијата. Додаваат дека во тек е реализацијата на бескаматната кредитна линија со грант компонента „Ковид 3“, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.
Според нивните информации, досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања во вкупен износ од 24,3 милиони евра. Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии. Во овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии вработени се вкупно 16.009 вработени.
Бескаматната кредитна линија „Ковид 3“ е конкретна помош за малите и микро компании, за трговците поединци, за занаетчиите кои преку овој механизам добиваат поддршка во зајакнување на ликвидноста и зголемување на конкурентноста во време на санирање на последиците од коронакризата.
Продолжуваме со вистинска, навремена грижа за домашната економија, за спас на работните места, велат од СДСМ.
Comments are closed for this post.