НУ Стоби годинава ќе реализира Ретроспективна изложба на Петар Хаџи Бошков.
Oд Министерството за култура имаме добиено 1 милион и 500 илијади денари. Изложбата е во соработка со единствениот наследник на скулптурите на Петар Хаџи Бошков, светски уметник кој има завршено во класата на Хенри Мур во Лондон. Заедно со неговиот син ќе ја реализираме оваа изложба, чиј куратор ќе биде Владимир Јанчевски. Тоа ќе биде еден новитет кој ќе може да се доживее во Стоби. Дел од скулптурите на Хаџи Бошков би биле изложени во внатрешен простор (во коридорот на театарот), дел во надворешен“, изјави за весникот „Вечер“ директорот на оваа националната установа Спасе Перовски.
Изложбата на еден од најистакнатите македонски вајари се планира за септември, а откако од Министерството за култура ќе ги добијат решенијата за проектот, ќе биде одреден и точниот датум.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.