Македонија е и натаму во група на „делумно слободни земји“ покажува најновиот годишен извештај на меѓународната организација „Фридом хаус“ насловен како „Слободата во светот 2021 година: Демократијата под опсада“. Нашата земја остана во оваа група на земји и покрај порастот од три поени во однос на претходниот извештај. Годинашната оценка за државата е 66 од можни сто поени.
Во истата група со Македонија меѓу другите се и: Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина. Од регионот во групата слободни земји се најдоа Бугарија, Хрватска и Романија.
Напредокот од некој поен е во делот за изборите, за формирањето на владата и за, како што се истакнува, намалените опструкции во работењето на парламентот.
Comments are closed for this post.