Уставниот суд на 18 март ќе распрва за иницијативата за објавувањето на новото име Репубика Македонија“ во Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов, дознава „Pressing TV“.
Судот ќе одржи подготвителна седница на која ќе се донесе одлука дали по оваа точка ќе се закаже главна расправа или ќе ги отфрли иницијативите. Поднесени се четири иницијативи меѓу кои на Светскиот Македонски конрес, на Солза Грчева и на адвокатот Томе Тодоровски.
Тие во иницијативите сметаат дека претседателот има право на суспензивно или џебно вето и оти претседателот на Собранието, во случајот Талат Џафери нема право да потпишува Указ со негово име.
Иницијаторите не се оптимисти дека оваа иницијатива ќе биде прифатена со оглед на распоредот на силите во Уставниот суд и политичкото влијание.
Уставниот суд не прифати да расправа и ги отфрли иницијативите со кои Собранието го изгласа Договорот од Преспа.
Comments are closed for this post.