Некогашниот шеф на полицијата, во петокот беше спроведен во затворот „Шутка“ откако обвинителството за него побара притвор по соопштувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, објави ТВ21.мк.
Од затворот информираат дека моментално Сашо Мијалков е сам во просторија, поради коронавирусот, а тоа е пракса која се спроведува од почетокот на пандемијата, односно секој нов во затворот, да остане прво во изолација.
Мијалков е под засилени безбедносни мерки, а се спроведуваат и чести контроли каде што престојува тој.
Мијалков претходно беше неколку денови во куќен притвор, откако притвор побара обвинителството бидејќи имале дојави лицето се подготвува за Бегство.
Судот одреди куќен притвор, а Мијалков не беше достапен на полицијата за да го прими решението. Изненадно, пред еден медиум се појави во вторникот, по што беше спроведен во куќен притвор
Comments are closed for this post.