Kривичниот суд реши Сашо Мијалков -ќе оди во затвроски притвор. Откако беше осуден на 12 – годишна затворска казна Јавното обвинителство побара тој од куќен да биде ставен во затворски притвор.
–Мерката куќен притвор за Сашо Мијалков не е доволна за обезбедување, при што предлагаме да му биде одредена мерка ефективен притвор. Најнапред во текот на вчерашниот ден обезбедени се известувања од МВР, согласно кои известувања, МВР не поседува технички можности (опрема) за 24 часовен видео и електронски надзор на почитување на меркета притвор, што е еден од сегментите на самото решение за куќен притвор, рече обвинителката Ленче Ристоска.
Таа додаде дека е утврдено дека Мијалkов има регистрирано адреса во Прага, каде има и возила на негово име.
-Особено предлагам да се цени фактот дека се работи за човек кој е добро ситуиран, поседува приватни бизниси, исто како и членовите на неговото семејство, и сето тоа му дава на располагање финансиски можности да организира логистика и може да живее во бегство комотно, рече Ристоска.
На ова се спротивстави одбраната на Мијалков.
–Одбраната смета дека определување мерка притвор е неосновано за Сашо Мијалков. Во моментов му е определен домашен притвор, во кој стриктно се наведени обврските и условите кои треба да ги исполни. Дали до овој момент од донесување на ова решение, со било каква постапка, е нарушен било кој од овие обврски, односно основот. Не е повреден ниту еден основ. Се поставува прашање по изнесениот основ дека МВР не може да ги обезбеди обврските кои се експлицитно дадени по законот за кривична постапка, и тоа се образложува како причина за мерка притвор, рече бранителот Љупчо Шврговски.
Тој додаде дека пропустот на државата, не може да се му се препише како пропуст на Мијалков.
–Државата мора и треба да го обезбеди. Дали 24 часовен надзор преку физичко обезбедување, а не со електронска алка, остава сомнеж дека Мијалков може да остане недостапен за органите на прогонот? Секако дека не може. Од овие причини одбраната смета дека не е исполнет законскиот основ за определување на потешка мерка која што е во моментов, рече Шврговски.
Comments are closed for this post.