Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, денеска на прес-коференција ги коментираше последните случувања за Сашо Мијалков. Тој ги нарече случувањата театар.
Мијалков го нема два дена дома, а во неделата неговите жена и деца не знаат каде е нивниот татко. Односно не знаат дека е во изолација и е болен. А знаете што е најскандалозно? Сашо Мијалков повторно е дома.
Ова потврдува сценарио меѓу Мијалков и Заев. Сценарио кое јас го најавив, кога ме прашувавте како е можно коалиција со ВМРО-ДПМНЕ после настаните од 27 април. Реков дека сите актери кои правеа такви сценарија на 27 април, сега се со владата. Еве ви доказ. Сценарио и театар во кое граѓаните не веруваат повеќе, рече Села
Comments are closed for this post.