Оваа власт веројатно никогаш нема да го затвори поглавјето 23 во преговорите со ЕУ кое се однесува на правосудството дури и да го реши спорот со Бугарија.
Ова стана јасно откако провладини медиуми објавија дека Заев изнервиран од бегството на Сашо Мијалков се закани дека ќе прави смени во владата но и во правосудната власт. Да добро прочитавте во правосудната власт!.
Сакајќи да ја истурка прашината од своите рамења, Заев уште повеќе заглибува во кал со најави во кои на дело покажува дека го има под свое судството и обвинителството.
Го прашуваме Заев во која европска земја премиерот се заканува на правосудната власт кога самиот тој секојдневно труби дека судската и извршната власт треба да бидат одвоени?
Но, тоа е само за европски уши, додека реалноста за Заев е друга.
Тој може да говори да нареди оставки на своите министри.Се разбира во бегството на Мијалков најголем кабает има Оливер Спасовски и толку.
Не е дека не се потребни проветрувања во судството и обвинителството, но тоа не е работа на власта, а најмалку на Зоран Заев.
Доколку имало пропусти кај обвинителката за гонење на организиран криминал Вилма Рускоска тоа треба да го утврди Советот на јавни обвинители.
Ако пак некој судија му шепнал на Мијалков тоа треба да го покрене Судскиот совет. Ако пак рибата смрди од главата, односно од републчкиот јавен обвиинител Јовески, тука е Собранието.
Си има ред Зоране!
Comments are closed for this post.