Под мотото „Зелени вредности – наша трајна визија“, Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска го одржа четвртиот партиски конгрес, на кој  за претседател беше избрана Маја Морачанин. Таа всушност беше и единствениот кандидат.

ДОМ денеска е стабилна партија и поради тоа мирна ми е душата, порача пред одржувањето на  конгресот  Лилјана Поповска.

Таа истакна дека  трите мандидати во кои беше претседателка на ДОМ биле сосема доволни за партијата да стане стабилна.

Ни претстои помирување и обединување на патот кон ЕУ, истакна Поповска.

Додаде дека бројот на пратеници од ДОМ во парламентот е дуплиран, односно од еден, сега се двајца пратеници.