Забуните во врска со тоа дали неделата ќе биде неработен ден продолжуваат.
Откако со драфт верзијата на законот се определија дејностите во кои ќе биде дозволено да се работи во недела, министерот за за економија Крешник Бектеши излезе со став дека трговските центри треба да работат во недела, за синоќа во емисијата Топ тема вицепремиерот Фатмир Битиќи да каже дека закон со кој неделата ќе стане неработен ден нема да се донесе додека трае пандемината.
Тој појасни дека во периодот на пандемија не сакаат финансиски да им наштетат на работодавците, па затоа за овој закон уште ќе се дебатира.
Comments are closed for this post.