Енергетиката е еден од многуте сегменти во кој врхушката на СДСМ покажува тотално неработење, незнаење и безидејност.
Големите енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО се пред колапс, пред сẻ поради лошото менаџирање, но и поради насадените кадровски послушници, без елементарни познавања од енергетика. За развој и визионерски погледи кон иднината не ни помислуваат. Но, затоа направија бројни штети, чии последици уште долги години ќе ја тонат во амбис македонската енергетика.
Една од најштетните работи која се случува во ЕЛЕМ е штетниот договор на ЕЛЕМ со ЕВН Хоум (универзален снабдувач) со кој свесно се носи ЕЛЕМ во пропаст, затоа што произведува поскапа електрична енергија, а продава на странска компанија за пониска цена од производната. Понатаму, потрошената вода од езерата од акумулациите на ЕЛЕМ продавајќи наводно некакви вишоци струја, тогаш кога најмалку требаше да се продаваат вишоци. Јаглен на депонија во РЕК Битола нема, а термоцентралите работат на минимум поради честите дефекти на блоковите. Ни ТЕЦ Осломеј не е во подбора состојба. Во моментов работи со јаглен кој се носи со камиони, но не се знае до кога. Таму 1000 вработени стрептат за своите работни места бидејќи знаат дека за 10 МW фотоволтаици кои требаше да бидат готови уште во јануари 2020 година (а сега сме февруари 2021 година), не мора да има ниту еден вработен. И тие 10 MW не ги направија, па згора на тоа сега ветуваат уште 100 МW фотоволтаици.

Слично ќе биде и со термоцентралите во Битола особено по усвоената енергетска Стратегија на оваа Влада која предвидува постепено затворање на термоцентралите во Македонија почнувајќи од 2025 година. Нормално ќе има недостаток на електрична енергија, кој нема да може да се надомести со замислените ветерници и фотоволтаици, кои како бројка оваа влада ги тресе од ракав. На тој начин Македонија ќе стане увозно зависна земја без сопствени енергетски ресурси. Секако, на одредени моќници ќе им капе повластена тарифа од зелената енергија на нивните фотонапонски централи и мали хидро централи од кои народот нема да види никаков бенефит, а системот ќе биде доведен до амбис.

Ковачевски и неговите ментори додека беа опозиција во шатор логоруваа пред капијата на РЕК Битола гледајќи и јавувајќи скоро секој ден колку оџаци чадат од блоковите. Но, сега ги нема да бидат активни и пред сẻ на своите сограѓани битолчани да им објаснат што спремаат на РЕК Битола и пелагонискиот регион, односно дека во блиска иднина СДСМ планира од РЕК Битола да направи гробница со што над 3000 вработени ќе ги загубат своите работни места. Истото ги чека и уште којзнае колку мали и средни фирми кои преживуваат од РЕК Битола. Ветувањата за фотоволтаици од 200 MW наместо еден блок како и гасификација на уште еден блок во РЕК Биотла се ветер и магла што ги сее СДСМ и што ќе ја направи нашата држава енергетски увозно зависна земја. Од ваквата штетна политика бенефит ќе имаат само трговците и снабдувачите со електрична енергија. Базната енергија од термоелектраните не може да се замени со фотоволтаици. Преку ноќ кога ни треба енергија ја обезбедуваме од термоцентралите при што штедиме хидроенергија од акумулациите. И обичниот граѓанин знае дека преку ноќ нема сонце, а понекогаш и преку ден, така да таа енергија не може да биде никогаш базна.

Гасифицијата пак која ја споменуваат на еден блок од РЕК Битола е во рамките на научна фантастика кога се во прашање ветувањата на овие елитисти од СДСМ. Со ваква посветеност и динамика во работењето, гасификацијата во Битола би стигнала сигурно полосе 20 години. А, можеби ни тогаш.

Неодамна на едно ТВ интервју Ковачевски рече дека вложуваат капитални инвестиции во РЕК Битола преку механизација, филтри и сл., а само после неколку минути во истото интервју каже дека блоковите постепено ќе се затвараат во РЕК Битола. Па, сега се поставува прашето, зошто се трошат народни пари во милиони евра, зошто се фалат со модернизација и капитални инвестиции , а од друга страна се заговара некаква енергетска транзиција и зелено сценарио, затворање на блоковите и изградба на фотоволтаици каде наместо 3000 вработени ќе има 3 вработени, кои ќе работат од дома со далечинско управување?

За крај убаво би било на јавноста на увид да се стави договорот со KfW банката за т.н. енергетска транзиција. Бидејќи СДСМ цело време се фали со транспарентност и отчетност би било убаво да ја информираат јавноста под какви услови е добиен грант од 2,4 милиони евра за студии (замислете ….милиони евра за студии). Јавноста знае дека грантови не се добиваат туку така. Напротив, со грантот се преземаат одредени обврски спрема истата банка (кредит во иднина од истата банка, избор на консултант и др). За да не се шпекулира во јавноста и за да не се раѓаат некои сомнежи би било убаво да се стави на увид овој договор. Иако однапред е јасно дека одговорите и фразите кои се својствени за СДСМ ќе бидат: договорот е таен, дека е тоа политика на банката и дека немаат право да го покажат во јавност.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има знаење, визија и кадри кои можат да ги носат предизвиците на новите времиња кои надоаѓаат во енергетскиот сектор, а секако ќе побара и одговорност за сегашново раскрчмување на државните компании и свесно претворање на државата во енергетски зависна земја.
Неизбежни се промени во државата кои ќе донесат и промени во енергетиката!
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ “

ВИЗИЈАТА НА СДСМ ЗА ПРОПАСТ НА ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Енергетиката е еден од многуте сегменти во кој врхушката на…

Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Thursday, February 18, 2021