Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на стопанственици од комплексот кај поранешната фабрика “Тетекс”, околу проблемот со личните карти истакна дека суштината е многу едноставна, тоа е дека со Преспанскиот договор кој што Зоран Заев го потпиша со Грција, етничката припадност  Македонец е избришана, и со тоа Македонците не  можат да се декларираат како Македонци. Исто така околу изјавата на Заев за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да води љубов со партнерот, а да не го прегрне Николоски рече дека не се работи ниту за случајност, ниту се работи за ниска интелигенција, се работи за стратегија.

-А, стратегијата е многу едноставна, тоа е да треска глупости на два-три дена со цел народот да не ја слуша суштината туку да ги слуша глупостите и да се занимава со глупостите, вели Николоски.

-Добро, знаеме Заев дека седат таму во Влада и смислуваат каква глупост да тресне дента, јас сум го кажал ова неколку пати, и не е случајно. Не се работи ниту за случајност, ниту се работи за ниска интелигенција, се работи за стратегија. А, стратегијата е многу едноставна, тоа е да треска глупости на два-три дена со цел народот да не ја слуша суштината туку да ги слуша глупостите и да се занимава со глупостите. И еве гледате, како што ме прашавте не е суштинското прашање зошто Зоран Заев не сака во личните карти да пишува Македонец, односно Македонка туку прашањето е глупостите кои што ги тресе. А, суштината е многу едноставна, тоа е дека со Преспанскиот договор кој што Зоран Заев го потпиша со Грција, етничката припадност  Македонец е избришана, и со тоа Македонците не  можат да се декларираат како Македонци, посочи Николоски.

Со овој закон, рече Николоски ВМРО-ДПМНЕ го извади на чисто проблемот, односно пред целата јавност покажа дека Зоран Заев преку своите формални и неформални партнери не дозволува да се изгласа закон со кој што во личните карти ќе може да пишува дека Александар Николоски, државјанство македонско,а етничка припадност Македонец.