Владата и министерството за здравство продолжуваат со штетните договори за демонтирање и приватизација на јавното здравство, тврдат од Комисијата за здравство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму коментираат дека министерот за здравство, Венко Филипче не се откажува од идејата за приватизација на јавното здравство. А, истата приватизација ја прикрива со ПР техники и одвлекување на внимание на јавноста со почнување на вакцинација против КОВИД-19.

По неуспешниот обид на министерот за здравство, Венко Филипче да ги приватизира Итната помош, биохемиските лаборатории, Рендген институтот и воопшто како специјалистичка служба, сега, според тврдењата, се осврнал на стерилизацијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека станува збор за 31 здравствена установа од целата држава. Но, од почетокот на постапката во 2019-тата година кога ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од министерството за здравство ништо не се случи, освен зделки кои само одговараа на сметките на министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев. Иако министерот за здравство, Венко Филипче велеше дека презема чекори за унапредување на јавното здравство, освен физибилити студии, тендери или сомнителна приватизација на јавното здравство, граѓаните друго ништо не видоа.
А, сега новиот договор кој е донесен во Заклучок на Влада и нема обврзен ефект за директорите и раководителите на јавните здравствени институции.

„Дали со договорот кој што Ве тераат да го потпишете и ве уценуваат, а со цел за да си ги зачувате работните места, буџетот кој се троши за стерилизација во ЈЗУ ќе биде 5-7 пати поголем од оној кој што го трошевте до сега? Кои се предностите од договор за стерилизација? Според која типологија ќе биде изведена? Зошто немате никакви информации за видот на сетови и комплексноста за која ќе се користат? Според кои стандарди и препораки се форсира употребата токму на ваквите сетови, за кои што ве тераат да потпишете договор? Каде се медицинските директори и тие потпишуваат и подеднакво одговараат“, ги запраша Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи организациските директори и другите раковидители на ЈЗУ, како и медицинските директори.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ дополнува дека очигледно е за премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче се се врти само околу парите. Очигледно е тие не се заинтересирани за здравјето на граѓаните, ниту во период на пандемија со корона.

ДАЛИ ДОГОВОРИТЕ ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА КОИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ГИ ДОСТАВИ ДО ДИРЕКТОРИТЕ ЗА ПОТПИС ИМААТ ЦЕНИ 5 ДО 7…

Posted by Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ on Tuesday, February 16, 2021