По повод празникот Свети Трифун денеска се одржа традиционалното закројување и осветување на виновата лоза.
Оваа година, за разлика од претходните, поради мерките за заштита од ковид-19 и здравствено-безбедносните протоколи на традиционалното закројување на лозјето изостануваше масовното присуство на граѓани, кои со исклучително квалитетно вино, богата трпеза и убава музика се традиција и белег на закројувањето.
И покрај снежните наноси кои паднаа во нашата земја и оваа година ја одржуваме традицијата на закројување и осветување на лозјата. Ова е 12 -та година по ред откако е оформена винарница „Стоби“. Се надеваме на бериќетна година благодарение на снежните наноси кои ќе обезбедат доволно влага во почвата – кажа Никола Деребанов, генерален директор на холдинг компанијата „Перминдекс“, за винарница „Стоби“, млекара Галичник, Црвени Брегови и Вардар.
Онлајн програмата со музика и комедија овозможи виртуелна забава за љубителите на виното со Дац и Александар, Тамара Тодевска и Атанас Атанасовски.
Comments are closed for this post.