Влатко Лозаноски – Лозано во соработка со детскиот серијал „Дајте музика“ направи нова песна под наслов „Другар“ .
Весела разиграна и забавна, песната „Другар“ најмногу допре до децата. Во година на пандемија, во време кога сите деца посетуваат он-лајн настава, детскиот серијал „Дајте музика“ им влеа надеж на сите деца за подобра иднина, а песната „Другар“ нe’ потсети на едно безгрижно детство полно со авантури и забава.
Лозано одлично се вклопи во концептот на „Дајте музика„ за една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија. Лозано е еден од најмоќните вокали кај нас, а за него беше предизвик да се појави заедно со децата и зад себе да остави хит кој уште многу генерации ќе го пеат.
Како и за претходните песни на Лозано, така и за оваа како автори се потпишуваат, тандемот Лазар и Ена Цветковски.
Comments are closed for this post.