Со протестен перформанс, извикувајќи „Доста е!“ и „Култура сега“, група културни работници застанаа пред Министерството за култура за да го изразат нивниот револт поради одлуката за генерален директор на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица да се назначи професор по физичка култура
Тие во моментов се на средба со надлежните, откако повикаа да запре автократското владеење со културата, јавните добра и културните институции.
Вие останувате глуви и не сакате да ја увидите потребата на културните работници кои со години наназад се соочуваат со проблеми од таквото владеење“, истакна претходно струмичкиот актер и активист Стојан Велков.
До кога некомпетентни кадри ќе се ставаат на раководни позиции на културните институции? До кога ќе се вадите на формално-правно издржаните конкурси каде квази читања на критериумите ја регулираат културата? До кога истите критериуми се читаат на еден начин за едни, а на друг начин за сосема други?“, ги праша надлежните.
Културните работници се револтирани бидејќи како што велат, избраниот кандидат за директор на НУЦК „Антон Панов“ не ги поседува потребните квалификации. Велков реагира што културните работници се понижувани, обесправени и дискриминирани. Прашува до кога ќе се обезвреднува образованието од областа на културата и уметноста.
До кога партиските штабови на овие или на оние и ткн. кадровски комисии во партиите ќе одлучуваат за тоа кој да биде директор на културна установа и ќе решаваат човечки судбини? До кога ќе има партизација во културата? Кога ќе не слушнете? Доста е!“, извика тој.
Актерите уште еднаш упатија апел да се преиспита одлуката и да се поништи. Тие вчера имаа и протестна акција пред платото на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. Нивната иницијатива досега ја поддржале 322 културни работници.
Во понеделникот, пак, иницијативата се состана и со Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, за кој велат дека им го повторил ставот на министерката за култура, не наоѓајќи заеднички јазик со нив.
Протестен перформанс на десетина актери против одлуката на Министерството за култура со која назначи професор по физичка култура како генерален директор на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица pic.twitter.com/3A7Ht4YDOF
— Радио МОФ (@RadioMOF) February 11, 2021
извор: радио МОФ
Comments are closed for this post.