Новинарот Михаил Михајлов го предупреди бугарското обвинителство за фашистичката парола „Бугарија над се“, што е испишана на бугарско знаме закачено над влезот на седиштето на партијата ВМРО-БНД на улицата „Пиротска“ бр.5 во Софија, пишуваат „Факти.бг“.
Освен тоа, Михајлов испратил и петиција до Европскиот парламент во која бара тој да ја осуди Бугарија и партијата ВМРО за објавување фашистички пароли и всадување омраза во бугарското општество.
Михајлов потсетува дека партијата ВМРО беше главна во навредите за протестите во С.Македонија против бугарското вето за ЕУ при кои беше запалено и буагрското знаме, а сега партијата на Каракачанов самата го срами и сквернави бугарското национално знаме.
Comments are closed for this post.