Барањето го потпишал министерот за правда, Бојан Маричиќ и веднаш е испратено во Софија.
Игор Спасов кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски беше фатен на 1 февруари во Софија, во стан во областа Младост во главниот град. Бугарската полиција добила сигнал дека тој се крие таму, по што интервенирала и го уапсила. Според информациите оттаму, Спасов во полиција за семејно насилство го пријавила неговата љубовница во чиј стан и живеел.
Спасов побегна од земјава побегна откако со медицинската документација што ја поднесувал до судот од август 2018 година, со здравствените причини го оправдуваше своето отсуство и не се враќаше затворот „Идризово“.
Comments are closed for this post.