Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе оствари средби со луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил Јан Аселборн, со претседателот на Парламентот Фернан Етген и со претседателот на парламентраната Комисија за надворешни работи, Ив Круктен.
Од Луксембург, како што соопшти МНР, Османи утре заминува во работна посета на Белгија каде домаќин ќе му биде заменик-премиерот и министер за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија и за федерални културни институции Софи Вилмес. Во рамките на посетата на Белгија, Османи ќе оствари средби и со претседателките на Претставничкиот дом и на Сенатот на белгискиот Федерален парламент, Елиан Тилио и Стефани Д’Ос.
Покрај билатералните односи со земјите на Бенелукс, акцент на разговорите ќе биде ставен на европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот за ЕУ за почеток на преговорите за членство, наведуваат од МНР.
Comments are closed for this post.