Нема да дозволиме Гоце Делчев да биде посмртно асимилиран! Тоа не е ниту морално, ниту христијански, ниту е европски.
Ова на денешното чествување на 149-годишнината од раѓањето на војводата Гоце Делчев го истакна министерот за одбрана и претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, пишува софиски Труд.
Во својот говор лидерот на ВМРО потсети за што се борел Гоце Делчев. Тој својот живот не го дал за наметнување на некаква измислена нација, туку за да можат браќата од сите етнички бугарски земји да живеат слободно во една држава-Бугарија.
Каракачанов уште еднаш повтори дека личноста на Гоце Делчев треба да ги обединува луѓето во Република Бугарија и Република С.Македонија, а не да ги дели.
-Гоце Делчев имаше можност да тргне по друг пат, но тој го избра патот на Ботев и Левски, на Раковски и Бенковски-на револуционерите, кои се жртвуваа за да постои Бугарија. И самиот Гоце Делчев ги положи своите коски за слободата на бугарскиот народ во Македонија. Последниве месеци се одвива потполно бесмислен спор чиј е Гоце Делчев. Тоа не е работа ниту на сегашните историчари, ниту на сегашните политичари. Зашто, самиот Гоце Делчев повеќепати се изјаснил и декларирал-и со заклетва пред НВ кнезот во Военото училиште, со своето учителствување во бугарските училишта како учител по бугарски јазик и бугарска историја.Не може да ме убедите дека тој човек не е прав бугарски патриот. Лошо е што наместо неговата личност да е мост по кој заедно ќе поминеме со нашите сонародници од Северна Македонија на патот кон ЕУ и заедничката иднина, тој мост се минира од погрешно разбрани идеологии, комплекси на помала вредност и обиди да биде присвоено делото на еден човек, изјави Каракачанов.
Comments are closed for this post.