Првата количина вакцини против Ковид-19 кои ќе пристигнат во земјава во февруари ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација согласно веќе подготвениот систем ќе го почнеме со тие вакцини. За многу кратко време ќе го знаеме и датумот на испорака, а ќе пристигнат 200 000 вакцини со што ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи.
Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сите вакцини кои се на пазарот се безбедни, сите се развиени на безбедни платформи и многу тешко се стигнува до нив.
– И овие преговори кои ги водиме сега со „Фајзер“, и тие кои ги завршуваме со кинеската компанија се навистина тешки и бараат многу детали, заради тоа што и самите компании се под огромен притисок. Нема политика, сите вакцини се безбедни и секогаш здравјето е приоритет, посочи Филипче.
Comments are closed for this post.