Заев ветуваше иднина во Европа, а не може земјава да мрдне од Африка. Ветуваше живот, a стана рекордер по мизерија. Ветуваа правда, останавме заковани во хибриден режим, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако британски „Економист“ според индексот на демократија Македонија ја рангираше на високото 78 место како хибриден режим.
Македонија со Владата на Заев и официјално е “хибриден режим” кој е “најкорумпиран” во Европа.
Според Индексот на демократија, во 2020 година е на 78. место или не сме напреднале споредено со минатата година на ранг листата што ја прави „Економист“, повторно прогласувајќи ја земјава за хибриден режим.
Ако според Транспаренси Интерационал сме една од најкорумпираните држави во Европа во групата со Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Гамбија, според Индексот за демократија сме хибриден режим заедно со Ел Салвадор, Украина, Бангладеш.
Дијагнозата е мафија, одговорот мора да е народот! Ќе победиме, затоа што друг избор нема Македонија!, пишува на својата Фејсбук страница Мицкоски.
Заев ветуваше иднина во Европа, а не може земјава да мрдне од Африка. Ветуваше живот, a стана рекордер по мизерија….
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, February 3, 2021
Comments are closed for this post.