Попишувачот ќе биде човек од населбата, односно маалото и тој ги знае тие што ќе ги попишува и тие што се попишуваат го знаат него. Евентуално може да отидат двајца попишувачи доколку некое лице што се попишува бара да се попише на јазик кој што не го знае и не го зборува претходниот попишувач, вели во интервју за весникот ВЕЧЕР, Илми Селами, заменик-директор во Државниот завод за статистика.
Во однос на лицитирањето со бројки, Селами со порака до политичарите- многу е попаметно политиката да молчи,отколку да тропа на празно, бидејќи тоа тропање може да ги оглуви тие што искрено си ја вршат работата.
Политиката навистина не би требало да има место во статистичките операции, особено не во најголема статистичка операција како што е пописот. Луѓе пописот не го прават господата Заев и Ахмети па, како што вели опозицијата, ајде сега да седнат да се договорат како на кванташки пазар кој, кому и колку проценти ќе нафрли. Тоа е електронска статистичка операција чиј софтвер ќе генерира бројки во зависност од работата на попишувачите на терен. Како што тие ќе попишуваат така и бројките ќе се генерираат сè до последниот граѓанин што ќе се попишува, вели Селами.
Целото интервју овде.
Comments are closed for this post.